Имаше неверојатна среќа.

28-годишниот маж бил во бар на бродот Carnival Valor со неговата сестра во средата вечерта, но не се вратил откако отишол во тоалет, објави Би-Би-Си.

Неколку спасувачки тимови ја пребараа областа и мажот конечно беше забележан во четвртокот вечерта, на околу 30 километри од брегот на Луизијана.

Се вели дека е во стабилна состојба. Потполковникот Сет Грос од крајбрежната стража на САД изјави дека човекот бил во вода повеќе од 15 часа, што е апсолутно најдолгото за кое некогаш слушнал и „едно од чудата на Денот на благодарноста“.

Засега не е познато како тој влегол во водата од бродот кој бил на пат кон Мексико, Котумел.

error: Content is protected !!