Семејството сите тие години одеше на погрешно место

Семејство од Велика Британија се собирало 17 години на гробот каде што верувале дека лежел нивниот татко, пред да се открие дека таму е погребан некој друг.

Том Бел и неговите сестри мислеле дека нивниот татко Томас Бел бил погребан во црквата Света Троица во селото Вингејт на северот на Англија, но кога се подготвувале нивната неодамна почината мајка да биде погребана до него, погребникот ги известил дека некој друг бил закопан под плочата.

Имено, гробари пронашле женски ковчег во парцелата каде што требало да биде Бел, пишува Lad Bible.

Ова доведе до тоа нивната мајка Хилда да помине пет недели во погребната куќа, бидејќи сè уште не се сигурни каде е погребан нивниот татко.

– Загубата на нашата мајка беше поразителна. И беше неподносливо кога ни кажаа дека гробот на татко ни, кој го посетуваме изминативе 17 години, не е негов. Како може да се случи ова? Нашата мајка лежи во погребалното претпријатие и чека да биде погребана, а татко ни е некаде на гробиштата во необележан гроб – изјави 58-годишниот Том за медиумите.

Оттогаш работниците ископале шест гробови, но сè уште не откриле каде е погребан Томас. Тоа секако значи и дека непознатата жена, која била во неговиот гроб, исто така била погребана на погрешно место.

Том и неговите две сестри Дениз и Дебра ја загубија мајка си во јуни и планираа да ја закопаат, според нејзината желба, на парцелата што ја купија за нивниот татко.

– Пред седумнаесет години, кога умре тато, мама купи парцела за да биде со него кога ќе умре. Мама секој петок застануваше на пат до фризер за да купи цвеќе и да ја исчисти надгробната плоча – рекол Томас.

Тој објаснува дека работниците, копајќи го гробот, успеале да се спуштат само метар и половина пред да удрат во гајба што не требало да биде таму.

Погребниот директор Ендрју, кој многу ни помогна, ни се јави и рече дека мора да дојде и да разговара со нас лице в лице. Направивме погреб, но мајка ни се уште е во погребалното и чека да ја погребат, а досега ископале шест гробови обидувајќи се да го најдат нашиот татко, но не знаеме каде е – продолжува ожалостеното синче.

Според него, можно е да имало конфузија со надгробните споменици во 2005 година кога Томас бил погребан, но проблемот е што оригиналната карта на гробиштата била уништена во пожар во 1980 година.

Семејството идентификувало необележана парцела неколку метри подалеку во која може да се наоѓа ковчегот на нивниот татко и побарале дозвола да го ископаат.

– Во 2005 година, на денот кога тато беше погребан, имаше неколку погреби и бевме уништени од тага, па не можевме точно да се сетиме која парцела е негова и се потпиравме на тоа дека надгробната плоча е на вистинското место кога ќе се вратиме. Сега се надеваме дека е погребан на само неколку метри – се присетува синот.

Гробарите потврдија дека никогаш не виделе нешто слично, а пречесниот Џејн Грив, кој го водеше погребот на Хилда на 1 јули, не беше во црквата во 2005 година.