Прекрасни трикови за да не ви се лизгаат чевлите на мраз.




Во текот на зимата често се случува да паднеме поради ледените површини. За среќа, една жена по име Мел сподели совет на TikTok за да спречи лизгање по замрзнатите патишта и тротоари. И што е уште подобро, нема да ве чини многу.




Мајката на две деца го сподели видеото кое од објавувањето надмина 1,1 милион прегледи. Таа извадила две стари чорапи кои веќе немала да ги користи и ги искористила за својот трик.




Таа ги повлекла чорапите преку чевлите за да го зголеми стисокот, а била воодушевена од овој трик бидејќи чевлите не и се лизгале на мразот и можела да оди без страв дека ќе се лизне.




– Според мене, најдобриот трик во моментов… Носете чорапи преку чевлите за да не се лизнете по мразот. „ Благодарам подоцна“, рече Мел.




Иако овој трик звучи ветувачки, многумина коментираат дека не е многу удобно да се шетате во јавност со влечени чорапи над чевлите. Затоа овој трик најдобро се користи ако излезете од дома за да го фрлите ѓубрето или ако сакате да направите нешто во дворот.




Покрај овој трик, постојат и еден куп други трикови кои ќе го намалат лизгањето на чевлите. Може да се обидете да направите постава за суперлепак. Ѓонот на чизмите премачкајте го со алкохол, по што целата површина ќе ја премачкате со лепак.




За да го подобрите ефектот, можете повторно да го нанесете лепилото откако ќе се исуши првиот слој. Потоа ставете ја чизмата во песок и добро притиснете за зрната да се залепат за лепилото. Не шетајте низ станот со такви чевли за да не ги оштетите подовите.
