Британската пејачка со косовски корени, Дуа Липа,на својот профил на Инстаграм го честиташе Денот на независноста на Косово, кој се слави на 17 февруари.

“13 години. Никогаш нема да заборавам како го гледав на телевизија додека живеев во Приштина. Незаборавно … Горда сум на она што го постигнавме и што сè уште треба да го направиме”, напиша таа под илустрацијата со нејзиниот лик и знамето на Косово.

Бројни обожаватели со коментари го честитаа Денот на независноста и и порачаа на пејачката дека е Кралица на Косово.

Сепак, и оваа година не недостасуваа лути коментари од Србија.

„Косово е срцето на Србија“, „Срамота“, „Косово е Србија“, „Може да земете сè, но Косово ќе биде дел од Србија засекогаш“, „Што ти е, по ѓаволите “, се само некои од коментарите.

Инаку, Дуа Липа често истакнува колку е горда на своето потекло, а во едно од последните интервјуа за магазинот „Ролинг Стоун“ изјавила дека конфликтите на Косово го чинеле нејзиниот дедо кариера, бидејќи тој не сакал да поддржи ново пишување на косовската историја.