Агнеса Орданоска, сопруга на Роберт Орданоски, поранешен директор на АЕК, кој вчера преку Фејсбук објави дека се разведува, за „Фокус“ изјавила дека е вознемирена од настанот и дека најмногу се грижи за тоа како ова ќе се одрази врз децата.

– Брачните проблеми и недоразбирања се решаваат во четири очи, а не на социјални мрежи! Вознемирена сум поради децата, јасно ми е како ова ќе се одрази на нив, тие се во период кога растат, созреваат.

Кога една жена се грижи за својот изглед, најлесно е да биде обвинета за афери, да се нарече спонзоруша, да ѝ се прикачуваат невистини кои ќе ја прикажат во лошо светло. Многумина ќе се ситат, лавини од невкусни коментари, без да се помисли на емоциите на овие деца, жално е сето тоа…

Но, ме изненади поддршката која од вчера ја добивам од огромен број жени и мајки, кои дури и никогаш не сум ги сретнала во живот – изјави Орданоска.