Во последниот подкаст на јутјуберот Стефан Лазаров гостуваше познатата скопјанка Агнеса Органџиева.

Таа на македонската јавност и стана позната по разводот од нејзиниот поранешен сопруг Роберт Ордановски, кој пак е познат и како поранешен директор на Агенцијата за електронски комуникации.

Токму во нејзиното гостување во подкастот на Лазаров, Агнеса доби прашање дали некогаш била изневерена, а нејзиниот одговор беше:

„Па, што мислиш, зошто се разведов?“ – ваквиот одговор ги изненади Стефан и Зоки Фаци, кој е исто така дел од овој подкаст.

Делот кога Агнеса признава дека била изневерена може да го погледнете на следното видео.