Секако се поставува прашањето, која е тајната на младиот Шпанец за ваквата добра форма и игра, а како и кај сите, диетата остава голема трага.
Карлос Алкараз во финалето на Вимблдон го победи Новак Ѓоковиќ со 3-0 во сетови. Така младиот Шпанец го одбрани трофејот освоен лани кога играше и против Новак.
Имено, тој денеска е главна тема и сите зборуваат за тоа како успеа да го спречи Новак да се изедначи по бројот на пехари (осум) со Роџер Федерер во Лондон.
Секако се поставува прашањето, која е тајната на младиот Шпанец за ваквата добра форма и игра, а како и кај сите, голема трага остава и исхраната.
Младиот, но успешен тенисер зборуваше за тајната што го одржува во толку добра форма:
-Јадам многу риба, многу повеќе отколку што јадам месо. Јадам и многу тестенини, знам дека се добри за спортистите. Имам среќа и да можам да јадам многу без да се здебелам, во однос на масни наслаги. За мене е добро да внесувам големи количини калории и тоа го правам. Јадам и многу салати, многу ориз, зеленчук воопшто и сакам суши.
Бил искрен и дали понекогаш одбива храна која му се препорачува.
– Навистина се трудам да се грижам за себе, но ако на масата видам нешто што ми годи вкусот, не размислувам дали е здраво или не. Искрено, не сакам десерти, но уживам во пици и хамбургери, сакам и ќебапи Мурси – низ насмевка искоментира првиот рекет на светот, изјави Алкараз.
Тој привлече внимание на фактот дека на денот на натпреварот мора да ги јаде овие намирници и тоа мора да се почитува секој пат.
-Кога ќе дојде на натпреварот работите се поинакви, менито е секогаш исто, јајца за појадок и банани подоцна.
