Германија ќе го вакцинира целото свое население од коронавирус пред крајот на летото. Ангела Меркел го вети ова како одговор на критиките дека вакцинацијата во земјата се одвива бавно.

Според зборовите на Меркел веќе е јасно какво ќе биде снабдувањето со вакцини во наредните месеци и таа е убедена дека целта ќе биде остварлива.

Според канцеларката, Европската унија не се справи лошо со вакцинацијата. Иако заостанува зад земјите како што се Израел, Велика Британија и САД.

Ќе можеме да ги вакцинираме сите граѓани до крајот на летото, што значи до 21 септември, крајот на третиот квартал. Дури и ако не бидат одобрени новите вакцини Џонсон и Џонсон и CureVac., вели таа.

Сепак ќе можеме да го направиме тоа. Германската влада ќе го искористи целото свое политичко влијание за да ја добие најдобрата можна прогноза за снабдувањето со вакцини, рече германската канцеларка Ангела Меркел.