Голема е среќата на пејачката Јованка Житарова – Јова. Празниците ќе ги помине со нејзините близнаци Зои и Картер.

-Децата неколку месеци беа кај нивниот татко во Алјаска. Многу ми недостасуваа. Со нетрпение ги очекував. Откако се тука постојано се гушкаме и разговараме како им поминало времето таму и како јас се чувствував без нив. Сега се веќе поголеми и уживаат во бојадисувањето на јајцата и украсувањето на домот. Заедно се погриживме за се – открива пејачката.

Велигден ќе го прослават во Неготино, кај родителите на пејачката.

-Пресреќна сум што на овој празник, кој го обединува семејството ќе бидеме сите заедно.

–Ги научив децата дека адет е да се кршат јајца и да кажат „Христос воскресе“ , додава таа. Посакувам среќа за Велигден не само за нас, туку за сите. Нека празниците ни донесат само убавини – вели Јова.

Пејачката по пауза од 10 години повторно се врати на сцената со темата „Сама своја среќа“ на Роберт Билбилов. Планира сериозно да ѝ се посвети на кариерата и да снима песни кои ќе ја претстават во поинакво музичко светло. Житарова една деценија живееше на Алјаска. Пред две години се разведе од сопругот и со своите близнаци се врати во Македонија./Zenski Magazin