Риона Кели доживеа мозочен удар по што остана неподвижна.




Нејзиниот сопруг, со кого помина 14 години во брак, рече дека не може да ја поднесе новата ситуација, па тој ја остави.
„Тоа беше период кога ми требаше мојот сопруг, но тој не беше тука за мене. Ме остави додека лежев во болницата. Мојата пријателка Сара и моите деца ме поддржуваа за време на закрепнувањето “, рече Риона.




Но, уште една личност и беше важна на Риона во овој период, а тоа беше нејзиниот физиотерапевт и тренер
Кит Мејсон соработуваше со Кели за да ја подобри нејзината состојба и да ја направи посилна.
„По неколку тренинзи, Кит и јас останавме во контакт. Ми испраќаше пораки секој ден и проверуваше како сум и дали се чувствувам подобро. Нашата врска започна да се развива и расте. Единаесет месеци сме заедно и моите деца го обожаваат. Искрено, имам впечаток дека сега живеам каков што заслужувам “.




Риона работи на својата самодоверба по трагедијата што ја снајде.
„Имав проблем да кажам дека ми треба помош, а сега ја прифаќам затоа што навистина ми треба. Не можеме да сториме сè самостојно. Важно е само да ги прифатиме вистинските луѓе и да научиме да го цениме она што го имаме “, заклучува Риона.
