Видеото предизвика лавина коментари на мрежите и ги насмеа повеќето корисници на TikTok.




На „Тик Ток“ стана вирално видео од Црногорец како вади пари од корито каде што луѓето наводно фрлаат парички мислејќи дека изворот на водата лекува.




Црногорецот се пошегувал и ги извадил сите парички , коментирајќи „дека некои будали фрлаат пари мислејќи дека водата од изворот е лековита“.




– Какви будали имаат сите тие, мил Господе, па ќе мислат дека Господ им дошол. Лековита вода. Е. Лек за некого, лек за некого хахаха… Извадете , извадете , нема одмор, додека некој не ме фати – низ смеа рекол Црногорецот.




Видеото предизвика лавина од коментари на мрежите и ги насмеа повеќето корисници на TikTok .




Го нарекоа „крал“ и „легенда“, додека еден коментираше дека е „чудо на Балканот“.
