Зимницата кај нас редовно се подготвува, таа традиција од колено на колено ја пренесуваат нашите стари.
Од ајвар, туршија, кисели краставички, па сè до кисела зелка…
Секоја жена има свој рецепт за кисела зелка кој е единствен, а и Русинките имаат своја тајна поради едно зеленчукче, од кое излегува совршена.
Сега ќе видите како Бугарките ја прават на старински, домашен начин, а рецептот е навистина одличен.
Киселење зелка
Состојки:
-
бела зелка
-
црвена зелка
-
малку сол
Потребни се цврсти главици бела зелка со средна големина и неколку главици црвена зелка – за да добие убава боја.
Главиците се чистат од горните листови, а на дното се прави засек во форма на крст. Се редат во каца.
Зелката се полева со солена вода (само оладена) така што главиците да бидат целосно покриени.
За 50 килограми зелка потребно е да се подготви саламура од 20 литри вода и околу 1,6 кг сол.
Најпрво, за подготовка на саламурата: солта мора да се растопи во врела вода, а ако растворот стане матен, се процедува преку газа превиткана во неколку слоја.
Ако нема доволно сол, процесот на ферментација се забрзува, зелката побрзо се посолува, но поради недостиг на сол – која во бугарската кисела зелка делува како природен конзерванс – таа ќе се расипе.
Важно е во овој рецепт за домашна зелка правилно да се одреди колкаво количество сол е потребно за правилно киселење. Ако има премногу сол, процесот на киселење се забавува и зелката може да тргне на лошо. Ако пак нема доволно, таа пребрзо ферментира и се расипува.
А за процесот на ферментација да биде поинтензивен, на дното на кацата треба да се стави малку зрно јачмен.
Откако зелката целосно ќе се изкисели, кацата се покрива со цврст капак и се става во ладна просторија на температура од 10 – 12 Целзиусови степени.
Да потсетиме, домаќинките мора да знаат и зошто се расипува киселата зелка.
