Груевски победуваше на 11 избори, на сите освен на првите и последните го има поразено СДСМ. Тој го има поразено СДСМ на Бранко, на Радмила, на Бучковски, но и на Зоран Заев. Овие што губат сега пак пет шест пати од СДСМ се оние кои ќе го победеле СДСМ. Како може овие кои ги имаат изгубено сите избори од 2017 година до денес од СДСМ, тие да се луѓе кои ќе го собореле СДСМ од власт.

Па тука нема логика, како може платениците на СДСМ во ВМРО-ДПМНЕ, да ги поразуваат 11 години СДСМ, а овие кои губат, тие да се луѓе кои ќе ги паднат од власт? Ваква комсодиск филозофија може само да му падне на Христијан Мицкоски и оние околу него, вели Васко Ефтов во својата најнова емисија.

ВМРО-ДПМНЕ е партија сведена на Белата Палата. Гледате Христијан шета, пазари, оди во теретана, се качува на Водно, но не ги посетува општинските комитети. Зошто? Затоа што има ветено на 500 луѓе дека ќе бидат пратеници, градоначалници, и сега не може да се соочи со тие луѓе. Во Гостивар го има поништено конкурсот за претседател бидејќи треба да се пазари со Арбен Таравари. Со гласови на режимското ВМРО тој победува во Гостивар, затоа Мицкоски не оди во општинските комитети. Не оди бидејќи се плаши. Тоа е хендикепот на Христијан Мицкоски, додава тој.

Не е потребен конгрес на 28 март бидејќи Мицкоски не знае да менаџира. ВМРО-ДПМНЕ е многу покомплексна партија од СДСМ. Во ВМРО-ДПМНЕ може да направите сериозен конфликт ако не сте министер за надворешни, а сте министер за внатрешни работи. Најдобро со ВМРО-ДПМНЕ менаџираше Груевски. Тој направи модел на груевизам, инсталиран груевизам во врвот на партијата, вели Ефтов.

Според Ефтов Мицкоски нема капацитет ниту пак има желба да деинстралира моделот од Груевски.