Во вечерните вести на Канал 5 гостин беше министерот за здравство Венко Филипче. Во живо од пред Инфективната клиника одговараше на прашања важни за актуелната состојба во државата.
Тој меѓудругото напомена дека болничките капацитети се пополнуваат и лекарите се под притисок. Но, во исто време тие се мотивирани и нема да се случи ниту еден болен пациент да остане без потребната нега.
Филипче кажа исто така дека носењето на маски на отврено, забранетот групирање на отворено повеќе од 4 лица по 22 часот се дел од мерките кои ќе се предложат до Владата, но можно е и да се воведат рестрикции во јавниот превоз и на одредени економски субјкти.
Зголемени се сите ингеренции на сите инспекторати, што работат на терен и пакетот на дополнителна рестрикција и ингеренции ќе даде резултати, рече Филипче. Со носењето маски на отворено се менува епидемиолошката слика, потенцира Филипче.
Во однос на воведувањето на полициски час, Филипче кажа: „Верувам дека мерките ќе дадат резултати, но ако нема, ќе има рестрикции во движење.“
