Вечерва е кинеска новогодишна ноќ. Започнува на 1 февруари 2022 година и завршува на 21 јануари 2023 година и ќе биде во знакот на воден тигар




Воден тигар е еден од најзначајните симболи во кинескиот хороскоп.
Како и секоја нација, Кинезите имаат свои посебни ритуали кои се практикуваат со векови, а се верува дека носат голема среќа, пари и просперитет.




Рускиот астролог и експерт за кинеска метафизика, Елена Егорова, го откри најпознатиот ритуал што Кинезите го прават за својата Нова Година.
– Тоа е ритуал кој е многу позитивен и придонесува за зближување на семејството. Тој се нарекува ритуал „Портокаловиот ритуал 108“. Наменет е да ги исполни желбите, да ја подобри финансиската состојба и генерално да привлече среќа за целото семејство – откри Егорова.




Таа објасни дека името на ритуалот е симболично и дека не се користат толку многу плодови, но добро е да се користат девет од нив. Секој член на семејството треба да земе по еден портокал и да напише збор на неговата кожа што ја прикажува личната желба. На пример, „среќа“, „љубов“, „пари“ …
– На полноќ, или подоцна во ноќта помеѓу 31 јануари и 1 февруари, сите членови на семејството ја напуштаат куќата со тие портокали, прават ред пред влезната врата и истовремено ставаат портокали во куќата – објаснува астрологот.




Како што продолжува Елена Егорова, тие портокали треба да се поделат по сите ќошиња во домот и таму да останат до сабајле.
