На социјалните мрежи се појави нова снимка од излетување на трамвај од шините во Сараево, Босна и Херцеговина.

Страшната сообраќајна несреќа се случила денес претпладне, при што едно лице го загубило животот, а четири лица се повредени.

Малолетна девојка е тешко повредена и лекарите се борат за нејзиниот живот. Поради сериозноста на повредите, морало да ѝ биде ампутирана ногата. Според снимката објавена на Инстаграм-страницата „192_rs“, трамвајот излетал од шините при свртување.

Според информациите, трамвајот излетал од шините и удрил во трамвајска постојка. Загинал 23-годишен младич, а четири лица се повредени — малолетната девојка е во животна опасност.

objavila “Instagram” stranica “192_rs”, tramvaj je iskočio iz šina tokom skretanja.