Животот со мачки никогаш не е досаден, а доказ за тоа е ова вирално видео кое е тотален хит на TikTok, а сето тоа поради реакцијата на збунета мачка која не може а да не биде изненадена од својот сопственик.

Обидот да си игра криенка го оставил мачорот во целосен шок, а со секое откритие на сопственикот тој од чудење се приближувал и повеќе. Видеото досега собра 94,9 милиони прегледи и над 14 илјади лајкови.

„Неговиот израз на лицето е бесценет“, „Никогаш не се плашев од мачка повеќе од сега“ и „Малку ми е страв“ се само дел од стотиците илјади коментари.

Погледнете го видеото ТУКА