Џони Пачеко и Хајди Пако го изговорија судбоносното „да“ на врвот Иљимани, највисоката планина во западна Боливија, а целата церемонија барала значителна подготовка.

Младенците имале огромна среќа со времето, бидејќи сонцето и пријатните температури ја направиле церемонијата на врвот на планината уште поспецијална.

Целата церемонија барала голема подготовка. На младенците и гостите им биле потребни три дена да се искачат на врвот на планината од главниот град на Боливија, Ла Паз. Неколку луѓе имале задача да ги носат венчаницата, украсите и храната за прославата, што не било нималку лесна задача, имајќи предвид дека носеле дополнителни 20 килограми тежина.

Џони и Хајди ги кажале своите завети на 6.439 метри надморска височина.

И двајцата се спортисти и љубители на природата, како и љубители на планините. Од таа причина, тие одлучија да се венчаат на врвот на оваа планина, изјавил Агустин Гонзалес, планинар и кум на младоженецот.