




Дечко од Србија постигна неверојатен успех на социјалната мрежа Инстаграм, кога неговата видео објава забележа неверојатни 54 и пол милиони прегледи.




Видеото е објавено пред нешто повеќе од два месеци, а веќе има 54 и пол милиони прегледи. Таа бројка расте од ден на ден.




Александар Улиќ го снимил моментот кога неговиот сопатник во автомобилот, кој е во движење, му додава шише пиво на трактористот, исто така додека се движи по патот, додека во позадина се слуша песната на Харис Џиновиќ.




„Тоа, кралу“, „Жените никогаш не можат да го разберат ова“, „Колку извонредно си го прифатил“, се само дел од коментарите на луѓето кои биле воодушевени од оваа глетка.
Погледнете го видеото ТУКА и оставете ни коментар!
