Комбинацијата од сезонски зеленчук најбрзо ја враќа силата.




Неопходно е:
- 1 пиперка
- 1 кромид
- 2 моркови
- 1 мал компир исечен на коцки
- 1 целер
- корен од магдонос исецкан на коцки
- малку брокула
- мала лименка грашок
- грст боранија
- масло
- сол бибер
- 50 гр ориз
- лист магдонос
Подготовка:
Прво, на масло испржете ситно исечен рендан кромид и исечкан морков.




Кога ќе се свари, додадете компири исечени на коцки и целиот друг зеленчук. Истурете вода и варете 20 минути.
Додадете ориз и варете уште 10 минути.




Додадете пиперка и на крај сецкан магдонос.
