Владата ја прифати иницијативата денот недела да биде прогласен за неработен ден, информира премиерот Зоран Заев на социјалните мрежи.

„Го задолживме Министерството за труд и социјална политика во рок од 15 дена да достави законско решение за ова прашање“, соопшти тој.

Според него, ова решение е во интерес на граѓаните:

„Неделата треба да биде ден посветен на одмор, ден за поквалитетно време за секој граѓанин на кој тоа му е потребно, ден за семејството, ден за себе“, напиша премиерот.