На денешен ден се навршуваат 22 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.

Од тогаш до денес, нашата држава ги зацврсти темелите на вредностите на кои почива – заедништвото, соживотот, сплотеноста и меѓусебната почит.

Република Северна Македонија е заеднички дом на Македонците, Албанците, Турците, Ромите, Србите, Власите, Бошњаците и за сите други кои тука живеат и градат соживот во заедништво.

Охридскиот договор донесе мир и го трасираше патот на Северна Македонија како мултиетничка шаренолика демократија и едно општество за сите.