Една од нејзините сестри беше враќана дома како во филм и со години не се знаеше ништо за неа, но шеиката Махра ужива во слобода каква многу жени во нејзината земја можат само да сонуваат.

Шеик Мохамед бин Рашид ал Мактум, премиер на Обединетите Арапски Емирати и владетел на Дубаи, има 26 деца од повеќе бракови, од кои имал најмалку единаесет. Сепак, според медиумите, само едно од нив се смета за миленичка на шеикот – принцезата Махра, која често привлекува внимание на западните медиуми.

За разлика од нејзината сестра принцезата Латифа, чија мистериозна приказна некогаш шокираше свет поради насилното враќање дома, Махра живее по свои правила и се спротивставува на конзервативната средина.


Родена во свила и кадифа

Родена е на 26 февруари 1994 година, во бракот на шеикот со Зое Григоракис, жена од грчко потекло, поради што шеиката Махра добила и христијанско име – Кристина. Како и децата на многу владеачи од Истокот, откако започнала образование во Дубаи, продолжила во Европа, а во Лондон дипломирала меѓународни односи.

Принцезата важи за успешна бизнис- жена и е позната по хуманитарниот ангажман. Активно учествува во иницијативи за унапредување на положбата на жените во арапските општества, поддржува млади дизајнери и учествува во различни социјално-корисни проекти. Исто така, се издвојува по тоа што не носи хиџаб.

Кога станува збор за нејзиното богатство, процените варираат – некои извори тврдат дека располага со околу 300 милиони долари, додека други веруваат дека сумата е многу поголема, дури над милијарда. Нејзиниот живот на високо ниво подразбира импресивна возна флота со престижни брендови како Rolls‑Royce, Lamborghini и Ferrari. Нежната љубов кон коњите ја довела до поседување на сопствена ергела со расни коњи, при што еден од нив е проценет на 3,6 милиони долари.

Луксузните патувања се подразбираат, а шеиката Махра често се гледа на ревии на водечките светски брендови, особено во Париз.


Развод преку Инстаграм и нова љубов

Во приватниот живот, шеиката Махра во 2023 година се омажи за шеикот Мане бин Мохамед бин Рашид, но наскоро се развела, за што го известила преку Инстаграм.

– „Драг сопруже, бидејќи си зафатен со друго друштво, со ова го објавувам нашиот развод. Се разведувам од тебе! Чувај се, твојата поранешна жена“ – порача миленичката на владеачот на Дубаи.

Таа објаснила дека сопругот не ѝ посветувал многу внимание, а разводот го повторила три пати во текстот.

Парот, инаку, во мај 2024 година добил ќерка, за која принцезата не споделува многу детали. Во чест на својот очигледно желен развод, лансирала парфем наречен симболично „Развод“. Парфемот е скап производ, чие издавање чини 272 долари, а Махра ја проширила линијата на својот козметички бренд Xtianna со шминка и мирисни спрејови за тело.

Околу една година по разводот од шеикот Мане, принцезата се верила со реперот Френч Монтана, кој во Париз, за време на Неделата на мода, ѝ предложил брак со раскошен прстен од брендот Mavani & Co. Jewelry украсен со огромен смарагд, проценет на околу 1,1 милион долари.

Парот, по долг период на тајност, почнал да се појавува заедно во Франција, а ретко споделуваат заеднички фотографии.

Реперот, чије вистинско име е Карим Карбуш, претходно бил во врски со многу светски познати убавици, меѓу кои реперката Иги Азалеа и реалити ѕвездата Клои Кардашијан.