




Нови камери кои мерат просечна брзина се поставени на автопатот кон Белград. Камерите ја бележат просечната брзина од точка А до точка Б и доколку е повисока казната ви стигнува директно на домашна адреса.




Доколку сте странски државјанин не можете да ја напуштите земјата на граничниот премин, односно таму ќе ја платите истата. Еве ги цените изразени во динари.




До 10 километри на час – 3.000 динари (1.500 доколку платите за осум дена), од 11 до 20 км/ч – 5.000 (2.500 за осум дена), од 21 до 40 км/ч – 10.000 (5.000 за осум дена), од 41 до 60 км/ч – 10. 000 до 20.000, три казнени поени и одемање на возачката дозвола барем 30 дена, од 61 до 80 км/ч – 20.000 до 40. 000 (или до 30 дена казна затвор),




шест казнени поени и забрана за управување на возило барем три месеци, од 81 до 100 км/ч – 100.000 до 120. 000 (или 15 дена затвор), 14 казени поени и забрана за управување на возило барем до осум месеци, над 100 км/ч – 120.000 до 160.000, 30-60 дена затвор или 240-360 часови добротворна работа, 15 казнени поени и забрана за користење возило барем 9 месеци.

