Веб порталот „Плус инфо“, каде сопственик е Бранко Героски само што објави текст со наслов: „Боки 13-ка ќе се кандидира за претседател на СДСМ“.
Токму Героски беше човекот кој прв го откри скандалот со „Рекет“, а во кој беше вмешан Боки 13.




Ви го пренесуваме целиот текст од „Плусинфо“.
Како што се шпекулира, мотото на кампањата што ќе ја води Боки-13 за иден лидер на СДСМ е „Декриминализација на СДСМ“.




Бојан Јовановски познат како Боки-13 ќе се кандидира за претседател на СДСМ на претстојниот Конгрес кој треба да се одржи на 21 март, дознаваме неофицијално.




Како што се шпекулира, мотото на кампањата што ќе ја води Боки-13 за иден лидер на СДСМ е „Декриминализација на СДСМ“.




Актуелното водство на СДСМ донесе одлука да одржи конгрес на 21-ви март, на кој непосредно ќе се гласа за нов лидер и за негови соработници. Во рамки на подготовките на конгресот, социјалдемократите почнаа процес на ажурирање на членството.




Боки-13 е осуден на 9 години затвор во случајот „Рекет“. Тој беше пуштен во домашен притвор поради здравствени проблеми.
