Еден лекар од регионот преку социјалните мрежи сподели необичен случај од својата пракса, кој повторно ја отвори темата за односите на работното место и последиците од неформалните деловни собири.
Според неговата објава, пациентка му се јавила откако, по фирмска новогодишна прослава, добила дијагноза за полово пренослива болест. Случајот, иако редок во јавноста, според лекарот не е изолиран.
Афери на работното место – тема за која ретко се зборува
Лекарот наведува дека ваквите ситуации најчесто се поврзани со неформални корпоративни настани, како што се новогодишни прослави, тим-билдинзи, службени патувања, обуки и конгреси, каде што, како што вели, „се знае кој со кого, кога и каде“, но за тоа ретко јавно се зборува.
– Последиците понекогаш се појавуваат веднаш, а понекогаш подоцна. Темата сè уште е табу, но од секојдневниот контакт со луѓето може да се забележи дека оваа појава е многу поприсутна отколку што се мисли – наведува лекарот.
Реалност што не е туѓа ни за Македонија
Иако случајот е објавен во Србија, слични ситуации не се непознати ниту во Македонија, особено во поголемите компании и институции каде што честопати се организираат заеднички патувања, семинари и прослави.
Експертите предупредуваат дека ваквите настани, покрај социјалниот аспект, носат и одредени ризици – како во однос на меѓучовечките односи, така и по здравјето. Затоа се апелира на одговорно однесување, информираност и редовни здравствени контроли.
Табу што сè почесто излегува на површина
Иако многумина сè уште ја сметаат оваа тема за „осино гнездо“, лекарот заклучува дека станува збор за реалност која сè почесто се повторува, но ретко се признава јавно.
– Прашањето не е дали постои, туку зошто сè уште се преправаме дека не постои – наведува тој во својата објава.
