




ПОЧИТУВАНИ ВИ ПРЕНЕСУВАМЕ ФБ Соопштение од Германската амбасада во Скопје.




Фер и транспарентно доделување на термини за поднесување на барање за виза како и проверка на Вашите барања согласно важечките закони се наш и Ваш заеднички интерес. За жал, постојано има луѓе кои со погрешни информации сакаат да извлечат профит за себе. Лагите и погрешните информации Ви штетат Вам и на Амбасадата. Неодамна, беа уапсени 2 лица во Гостивар поради вакви обвинувања, а печатот повеќе пати известуваше за тоа.




Затоа, заштитете се и имајте предвид: Термини за виза се доделуваат само преку веб-страната на Амбасадата! Оној што Ви ветува термин за пари, лаже! Термините не може да се купат!




Лицата што на улица се претставуваат како вработени во Амбасадата и даваат ветувања, лажат! Доколку некој Ви понуди фалсификувани или лажни јазични сертификати, одбијте! Нашите вработени се обучени и препознаваат вакви фалсификати. Вашето барање ќе биде одбиено.
