Младоженецот прво забележал дека невестата добро готви, па тоа била една од причините за венчавката

Се венчаа 71-годишен маж и 43-годишна жена во Кина.

Двојката се запознала во дом за стари лица. Младоженецот вели дека и се додворувал на својата сакана повеќе од една година пред да се венчаат.

Младоженецот изјавил дека прво забележал колку добро готви неговата идна сопруга. Подоцна сфатил дека и таа е многу добра личност.

Жената постојано ја одбивала понудата на овој упорен маж, но тој не се откажувал. На крајот се согласила да се омажи за него и си одредиле датум за венчавка.

Церемонијата се одржа во округот Бачу во автономниот регион Ксинџијанг Ујгу.