Горан е најдобриот пица мајстор на светот: „Најголемата тајна е чувството за тестото“




Кога ќе се каже пица, се мисли на Италија, но кога се вели пица-мајстор, асоцијациите нема да бидат италијански, туку од Белград, бидејќи Горан Абрамовиќ е прогласен за најдобар пица-мајстор во светот.




Имено, Горан го освои првото место на светскиот натпревар во правење традиционална неаполска пица, пренесува РТС .




– Минатата година станав светски шампион во Неапол за традиционалната неаполска пица, направив пица Маргерита. Во ноември традиционално се одржа церемонија за светските шампиони во Порто, каде бев поканет и каде победив, вели Абрамовиќ.




Тој додава дека има нијанси меѓу натпреварувачите, како и дека е важно коцките да се поклопат на тој ден, се да ти оди добро во денот и резултатите да покажат дали си најдобар или не.




Не постои рецепт за пица, искуството е клучот. Времето кога ја правите пицата е клучот за вашиот успех. Првата и голема работа за добра пица е тестото, најголемата тајна е чувството на тестото. Тогаш состојките што ги користите треба да бидат квалитетни, важна е рерната за пица и секако пица мајсторот кој го прави производот наречен пица, истакна Абрамовиќ.
Извор: РТС
