„Членови на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, ова ли е тој најнапреден статут? Го избришавте ли „Република Македонија” од статутот на партијата??? ЗОШТО????“, „Премногу дволичност во Белата палата“, „ВМРО-ДПМНЕ наликува на крем партија веќе нема патриотизам“.

Ова се само некои од реакциите на социјалните мрежин во кои се посочува дека од новиот Статут на ВМРО-ДПМНЕ, усвоен на последната седница на Централниот комитет на партијата одржана на 21 јули, е избришано името „Република Македонија“.

Објавени се и фотографии од делови од стариот и новиот Статут на ВМРО-ДПМНЕ кои се посочуваат како доказ дека е избришано „Република Македонија“.
На социјалните мрежи се појавија објави во кои се посочува дека од новиот Статут на ВМРО-ДПМНЕ, усвоен на последната седница на Централниот комитет на партијата одржана на 21 јули, е избришано името „Република Македонија“.
Инаку, во новиот Статутот на ВМРО-ДПМНЕ, името „Македонија“ се споменува само во Член 72: „Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ е тело на партијата кое ја застапува и брани идејата за самобитноста на македонскиот народ и неговото право на самопределување и државност, укажува на потребата од почит кон борците во сите националноослободителни војни за Македонија, негување и заштита на македонското историско и културно наследство, како дел од европската историја, култура и цивилизација“.

Како што информираше претседателот на Статутарната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, Панче Тошковски по седницата на партискиот ЦК одржана во вторникот, Централниот комитет донел одлука за измени на Статутот кои, како што посочи, се во насока на поголема демократизација на партијата.