Видеото за кое се тврди дека е направено на социјалните мрежи во Рио Ларго, Бразил, стана вирално и предизвика грст урнебесни реакции.

На видеото се гледа врзан маж во чекалната на брзата помош и жена која држи јаже со кое е врзан, а според јужноамериканските медиуми станува збор за неговата сопруга која го принудила на ваков начин да се вакцинира против ковид.

Според информациите кои кружат, мажот е антиваксер , додека неговата сопруга многу се плаши од вирусот и е поборник за вакцинација.

Многу корисници на интернет и аплаудирале на оваа госпоѓа, додека некои целата сцена ја сфатиле како шега и забележале дека идејата да го врзат и да го донесат на вакцинација ја смислиле роднините на мажот во договор со неговата сопруга.

Но, имаше и такви кои мислеа дека ако ситуацијата беше поинаква, односно маж да врзеше жена и во таква состојба да ја однесе на вакцинација, немаше да има такви духовити коментари, напротив.

Во секој случај, корисниците на социјалните мрежи добро се забавуваа и се смееја.