Меган Вилис (27) се омажила во 2017 година, а Марк Стоун (51) бил диџеј на нејзината венчавка. Набргу по венчавката, нејзиниот брак се распаднал, а Меган и Марк ја пронашле вистинската љубов.




Кога Меган поднела барање за развод, Марк и помогнал и бил постојано покрај неа. По разводот во јануари 2018 година, таа се преселила од Мериленд во Северна Каролина, а Марк наскоро и се придружил. Осум месеци подоцна и тој формално се развел, па со тоа слободно започнала и нивната врска.
– Заљубени сме, но убаво е што можеме сега отворено да го кажеме. Драго ми е што го носам презимето на Марк – вели Меган, иако признава дека на почетокот се сомневала во нивната врска поради големата разлика во возраста.




Својата среќа ја споделија на Инстаграм, каде што се обидуваат да ја разбијат стигмата околу врските со голема разлика во возраста помеѓу партнерите
Како започнало сето тоа?
Сестра ми често посетуваше еден бар во Мериленд во една прилика јас бев со неа. Ме запозна со диџејот Марк Стоун и неговиот брат, кои беа ко-сопственици на локалот. После тоа, започнавме редовно да одиме во тој бар – вели Меган.




Но, наскоро Меган се омажила, а нејзината сестра го ангажирала Марк како диџеј на венчавката. Околу една година подоцна таа отишла повторно во барот. И оттогаш започнува нивната афера.
– Мојот брак заврши затоа што не бев целосно среќна. Мојот поранешен сопруг беше зависен од видео игри кои станаа негов живот, и јас не постоев за него. – се присети Меган. Марк ја убедил дека треба да живее несреќно и дека треба да го остави сопругот ако веќе не била среќна покрај него.
Меган и Марк си ветиле ветија дека никогаш нема да ја кријат својата љубов и покрај разликата во возраста, бидејќи сакаат да ги охрабрат другите парови кои се наоѓаат во слична ситуација.
– Не криј се, љубовта не познава граници – велат Меган и Марк.
