Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ уште еднаш испрати порака до загрозените по трагичниот земјотрес во Турција.

Новак пред неколку дена испрати порака преку социјалните мрежи, а сега уште еднаш се огласи.

Во друштво на Јусуф Гултекин, фудбалер на второлигашот Самсун, Новак рече:

– Во Белград сум со мојот пријател Јусуф. Сакам да испратам поддршка и поздрав до сите луѓе во Турција кои минуваат низ тежок период.

Сум видел фотографии и видеа од разурнувањата што останале по земјотресот. На сите семејства сакам да им кажам, моето срце е со сите вас и се надевам дека луѓето ќе останат силни и ќе се опорават заедно. Најдобри желби и останете силни – изјави Новак.