Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска во гостување во емисијата „10 минути“ на ТВ21 рече дека ниту нејзиниот претходник Шилегов, ниту претходниот градоначалник Трајановски не успевал да собере толку даноци колку што сега се собираат.

– Имаше една смешна изјава од поличките лидери: Арсовска не може да го собере данокот. Ниту моите претходници кои ја имаа и власта како поддршка, не успеле да соберат повеќе од мене даноци.

Никој не успеал. Во ниту еден момент не излегле да го кажат ова што го кажувам. Сите треба да плаќаат даноци и на тоа веќе апелираме. Сега 25% го прават тоа, и тоа се дисциплинирани луѓе и тоа е за почит, рече Арсовска.