Може да се врати, да одлежи тоа што треба, изјави првиот вицепремиер Артан Груби вечерва на Само интервју на Канал 5 за тоа дали за него е прифатливо екс премиерот Никола Груевски да се врати во Македонија.
Тој тврди дека новите законски измени, нема да го спасат Груевски од затвор, затоа што против него се водеа повеќе постапки. Груби вели дека имало лаги во јавноста, и дека се создава хистерија.
За уставните измени кои Македонија треба да ги направи, вели дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се под притисок на раководството. Груби рече дека притисоци не се потребни, туку лидерство.
