Кога сте се родиле во одреден хороскопски знак, ви била дадена и своја фиксна ѕвезда која ја одредува вашата судбина. Тоа е важна позиција во наталната карта на секој човек. Бидејќи секој хороскопски знак има своја фиксна ѕвезда која може да ја одреди неговата судбина, проверете која е ваша и какви борби ви носи.
Според толкувањето, овие бројки носат најмоќна енергија, интуитивна моќ и се симбол на среќна иднина.
Тоа се броевите 11, 22 и 33.
Ако имате некои од овие бројки во датумот на раѓање, односно ако во датумот на раѓање се појавуваат две единици, две или три, нумеролозите велат дека имате посебна заштита од универзумот.
Луѓе кои го поседуваат бројот 11
Имаат силна интуиција и духовна свест. Тие се чувствителни, нивните сетила се изострени и поседуваат развиена емпатија и природна интелигенција. Бројот 11 е симбол на голема моќ – ментална и физичка. Носители на оваа бројка се најчесто старите души кои со мудрост се справуваат со предизвиците. Нивните најголеми доблести се почитта, емпатијата, разбирањето на проблемите и успешните решенија, стабилноста, чувството за успех и способноста за создавање квалитетни врски.
Луѓе кои го поседуваат бројот 22
Стекнатото знаење лесно го применуваат во пракса, па затоа генерално се работи за многу успешни и почитувани луѓе. Имаат силна самодоверба, природна интелигенција и лидерски вештини. Тие се големи визионери и креатори на големи идеи. Во љубовта целосно се посветуваат – посветени се, искрени и знаат како да ги решат конфликтите.
Луѓе кои го поседуваат бројот 33
Претставува број на совршена рамнотежа и го поседуваат исклучително храбри и амбициозни луѓе. За нив нема непремостливи пречки, а секој пат е шанса за нов успех. Понекогаш може да изгледаат ладно, но тие се всушност исклучително емотивни луѓе кои ќе внесат креативност, радост и ентузијазам во вашиот живот.
Во љубов со личност со број 33 се воспоставува почит и целосна хармонија.
