Со доаѓањето на есента и пониските температури порасна и бројот на новозаразени лица, речиси секоја земја во Европа веќе ги враќа на сила повторно рестирктивните мерки.

На пример, Шпанија повторно забрани напуштање на своите матични градови. Германија пак размислува за откажување на прославата за Божиќ и празниците околу.

Франција стави клуч на сите барови, а рестораните ќе работат според новите заштитни мерки. Дел од граѓаните кои можат повторно се враќаат на работа од дома.

Ирска се подготвува за враќање на карантинот кој ќе трае 4 недели.За оваа одлука ќе се зборува овие денови.

Исланд од вчера нареди затворање на кафулињата, теретаните, местата за забава и го ограничи бројот на луѓе кои може да се собираат на јавни собири.

Од понеделник во јавност не смее да има собир на повеќе од 20 лица, со исклучоци како судовите, парламентот и факултетите. Досега ограничувањето беше на 200 лица. На сила останува мерка за дистанца, а јавните базени ќе работат со пола капацитет.