Покрај тестовите на крвта, постои уште еден показател за високи вредности на овие масти, а тие се забележуваат на стапалата.




Проверете дали вашиот холестерол е висок, неочекуван симптом е на вашите нозе!




Високиот холестерол е една од главните причини за кардиоваскуларни болести. Вишокот на оваа супстанца во крвта може да влијае и на појава на срцев удар. И како да знаете дека имате висок холестерол?




Покрај тестовите на крвта, постои уште еден показател за високи вредности на овие масти, а тие се забележуваат на стапалата.




Со хиперхолестеролемија, масни наслаги, наречени ксантоми, може да се формираат под кожата. Можат да се појават насекаде по телото, но најчесто се појавуваат на стапалата.




Овие „испакнатини“ под кожата обично се меки, чешаат, а понекогаш дури и болни, а нивната големина се движи од многу мали, па се до преку 7 cm во дијаметар.




Сепак, во повеќето случаи, високиот холестерол не е придружен со забележителни предупредувачки знаци. Лекарите истакнуваат дека правилната исхрана може да помогне да се намали лошиот холестерол.




„Намалувањето на внесот на заситени масти и нивна замена со незаситени масти е одличен начин да го намалите нивото на холестерол“, објаснуваат експертите од Heart UK.




Заситените масти се масти кои се наоѓаат во путерот, свинската маст, масното месо и сирењето. А според експертите, рибата е добар извор на здрави незаситени масти, особено омега-3 масни киселини.
