Почитувани јас сум самохрана мајка на пет деца од која едната од нив Луна Поп-Костова е родена со асфикција на мозокот и се здобива со дијагноза спастична церебрална кватриплегија G-80.9.
Во последните две години се бореше со сколиоза од 124° искривеност.Поради влошување на нејзината здраствена состојба итно е пренесена во Истанбул во клиниката ACIBADEM каде што и беа направени две операции кои траеа 18 часа.За операцијата за сколиоза потребно е доплата од 9000€ за кои јас не сум во можност да ги обезбедам сама.
Затоа добри луѓе ви се обраќам вам.Датумот за доплата е до 14.01.2024. Поради големото искривување Луна се здоби и со деформитети на рацете и нозете кои ќе треба повторно да се оперира за 6 месеци.
Сумата е 65.400€.Луна веќе самостојно седи и дише.Ни преостанаа уште две битки и доколку успеам да ги соберам сретствата таа ќе може да оди како и сите нас.Нејзина желба е да застане на нозе.Би ви била благодарна доколку и ја оствариме желбата.Секое дете на овој свет заслужува нормален живот.

