28 годишната девојката која што имаше тромбоза на очната вена, по вакцинирањето со Астра Зенека во Србија, е во добра состојба и од денеска е пуштена на домашно лекување.




Во земјава, од близу 13 илјади граѓани вакцинирани досега, имало само два случаи на колапс, но тие не се поврзуваат со вакцината, туку веројатно станува збор за страв и панични напади
Тие нус појави е и кратко време за да се појават, освен таа ситуација вчера кога им се слоши на двајца, верувам од други причини, затоа што и самите луѓе кажуваат, престрашени сме, гладен сум, вртоглавица има и сето тоа, тоа е резултат на таа ситуација.




Во А1 Аренеата Борис Трајковски, втор ден со исто темпо продолжува имунизацијата.. се вакцинираат полицајците, војнциите, и останатите од т.н. критична инфраструкура.. Сите анектирани велат дека добро се чувствуваат и се надеваат дека ваквиот чекор конечно ќе стави точка на пандемијата..




Министерот за здравство Филипче рече, дека над 90 проценти од сите здравствени работници, кои што работат со ковид веќе се вакцинирани и ревакцинирани. Генерално, додаде тој, околу 20 проценти на веќе закажани граѓани не се јавуваат на пунктовите за вакцинација. вчера од пријавени 2.800, на пунктови се појавиле 2.500 граѓани…




Како што доаѓаат вакцините, ќе се дополнуваат овие два системи, ќе се намалува возрасната граница, возрасните граѓани ќе бидат повикувани преку матичните лекари. Оптимумот кој што сакаме да го постигнеме е да имаме околу 7 илјади граѓани на ден. Имаме некои најави дека помеѓу 15-20 треба да стигнат и фајзеровите и кинеските, но тогаш кога ќе имаме конкретни датуми, тогаш ќе ги соопштиме.




Филипче рече дека имало голем интерес во Армијата и во полицијата, а согласно расположливите вакцини, приоритетни групи ќе бидат тие коишто се најекспонирани и имаат најмногу контакти во текот на денот. Во останатите институции се вакцинираат вработените над 50 години кои имаат одредени коморбидитети. Така се регрутирале и вработените во градинки и наставниците од прво до трето одделение.
