Очекувала, вели, дека тој барем подоцна ќе ја сфати својата грешка, но и рекол дека е „премногу зависна од него“.




Една жена на Редит сподели како пред неколку дена момчето со кое излегла после состанок ја однел на автобуска станица наместо дома и ја оставил таму да го чека автобусот сама на снегот. И иако, вели таа, очекувала дека тој барем подоцна ќе ја сфати својата грешка и ќе се извини, тој сепак и се спротивставил дека е „премногу зависна од него…“




Во пораките што ги разменила со него и кои подоцна ги споделила во нејзината објава, пишува дека ова „воопшто не е убаво од него“, на што тој одговара дека неговиот цимер е болен и му треба итен транспорт до итната медицинска помош. Сепак, на крајот од својата порака тој додава: „Не знаев дека толку бараш…“




„Се надевам дека твојот цимер е добро, но мислам дека требаше безбедно да се вратам дома по состанокот, особено затоа што надвор беше темно и студено и врнеше снег“, одговара таа, но тој и вели дека „без причина прави драма“ и дека „не требаше да очекува дека ќе ја вози дома затоа што мислеше дека нивната средба не е сериозна“.




Откако на Редит објави скриншот од пораките кои ги разменила со своето момче, повеќето луѓе во коментарите се согласиле дека таа не треба да биде со таква личност.




– Блокирајте го и не разговарајте повеќе со него, очигледно воопшто не ве цени – напишал еден корисник. „Бегај и не гледај назад!“ ѝ рекол друг. “Ова беше грдо за читање. Колку и да беше страшен неговиот потег, добро е што не ве одведе дома бидејќи сега знаете со кого си имате работа”, напишал трет, цитиран од Мирор.




Ве молам за СОВЕТ ДАЛИ ТОЈ МЕ ЗАСЛУЖУВА МЕНЕ?

