Ладни ноќи и утра на почетокот на неделата, потопло во текот на денот
УХМР за денес предвидува умерено топло и претежно сончево време. На југозапад, југ и југоисток ќе биде променливо облачно со поретка појава на краткотраен дожд или врнежи од дожд, со можност за грмежи.
Ладни ноќи и утра на почетокот на неделата, потопло во текот на денот и многу топло повторно од четврток со дожд.
Во среда (26 – 27.08.) претежно сончево, повремено со мала до умерена облачност. Утрото ќе продолжи да биде свежо, а дневните температури постепено ќе се искачуваат до вредности околу и малку над 30°C.
Во четврток и петок (28 – 29.08.) сончево и значително потопло – умерен и силен јужен и југоисточен ветер дневните температури прво ќе достигнат 35 °C во четврток, а ќе се приближат до 40 °C во петок.
