Овој млад човек од Индија истакнува дека никогаш нема да дозволи оваа состојба да влијае на неговиот живот
Лалит Патидар (17) од Индија е роден со хипертрихоза, состојба попозната како „синдром на врколак“. Оваа состојба се карактеризира со абнормален раст на влакна на лицето, рацете и другите делови од телото.




Поради изгледот предизвикан од оваа медицинска состојба, момчето беше мета на повеќе од остри коментари.
-Децата кога бев мали ме фрлаа со камења и се плашеа од мене, затоа што мислеа дека сум чудовиште и дека ќе ги каснам – вели Лалит.




И покрај реакциите на околината, Лалит не се откажува од соништата, а неговата желба е да стане Јутјубер.
Не бев загрижен кога косата почна да ми расте бидејќи тогаш бев многу млад, но моето семејство и моите родители беа многу загрижени. Децата се исплашија кога ме видоа, а јас како дете не ја знаев причината. Како што пораснав, сфатив дека имам влакна по целото тело, поради што се разликувам од другите – рекол тој.




Лалит успешно се бори со се што носи овој синдром и нагласува дека се помирил со фактот дека моментално нема лек за оваа болест.
– Ги шишам влакната ако чувствувам дека растат премногу. Тоа е како коса на мојата глава, ќе продолжи да расте, немам друг начин да го решам и не верувам дека некогаш ќе ми направат лек за болеста – вели Лалит.




Овој млад човек од Индија истакнува дека никогаш нема да дозволи оваа состојба да влијае на неговиот живот.
– Научив многу работи поради мојата состојба и сега разбирам дека сум посебен, бидејќи сум еден во милион. Никогаш нема да се откажам од животот и да го живеам максимално. Сакам да одам напред и да бидам среќен – заклучила Лалит, пренесува „NYpost“.
Видеото погледнете го ТУКА.
