Оние што ќе се греат на ТА печки и ќе ги вклучат навечер ќе имаат повисока сметка. Граѓаните кои ги греат подовите на електрични котли може да очекуваат сметки повисоки за 800 денари.

За да избегнете огромни сметки за струја, на почетокот на грејната сезона треба да проверите дали ТА шпоретот добро се загрева, пишува Mondo.rs.

Така, сопственичката на станот забележала дека нејзиниот ТА шпорет слабо грее, поради што мајсторот Александар прво го исклучил уредот од напојувањето, па дури потоа почнал да набљудува.

Пред сè, треба да проверите дали греалките работат, а тоа можете да го направите со отворање на капакот од десната страна на грејниот елемент, каде што се наоѓаат проводниците и греалките. Со помош на мерно тело мајсторот проверува дали греалките работат, а доколку се навистина оштетени се гледа со голо око.

При менување греалки мора да се отвори целата греалка, а како тоа го прави Александар погледнете во видеото: