Дејан Николиќ е познат Јутјубер, а со овој бизнис се занимава од 2019 година. Дејан за три години успеа да заработи парична сума која многумина нема да ја заработат во целиот свој живот




Неговото уметничко име е Дејв Ник и со години го користи концептот за автоматизација на YouTube. Со овој бизнис почнал да се занимава пред три години. Дејан се појавува пред камерите на три канали, има уште четири канали со непознати наратори и 12 со кратки видеа на YouTube.




Овој дечко вели дека заработил 1,4 милиони долари само во 2021 година, а веќе заработил 1 милион долари во првите шест месеци од оваа година. Клучот за успехот, вели тој, бил неговиот курс за претприемништво на YouTube од 995 долари, кој е одговорен за 70 отсто од неговиот приход.




„Не многу луѓе заработуваат повеќе од неколку милиони годишно со автоматизацијата на YouTube“, изјави Дајан за The New York Times.




Тој објасни дека неговите студенти заработуваат многу пари.
Спотовите на Дејан често ги нагласуваат парите што ги заработил и колку неговите гледачи можат да очекуваат да заработат самите. Неговиот Инстаграм профил е доказ дека тој е човек кој води луксузен живот, а многу следбеници не можеа да не забележат дека има Ролекс и веќе вози Порше.




И покрај тоа, Дејан тврди дека неговиот живот не е само гламурозен и дека бара многу жртви.




„Поминувам речиси 15 часа дневно на компјутер“, изјави Дејан за New York Times.

