Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од снег на планините и на повисоките места и од дожд и снег во пониските предели. Попладне ќе почне да дува засилен северозападен ветер, кој ќе се задржи и во текот на ноќта, кога на повеќе места ќе биде силен со над 80 километри на час, а на планините и над 90 километри на час, што ќе предизвика нагло опаѓање на температурата кон недела.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремен дожд, кој во делови од котлината ќе преминува во снег, особено во утринските часови и кон крајот на денот.

Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, кој во текот на ноќта дополнително ќе засили. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.

Од УХМР известуваат дека утре времето ќе биде променливо облачно и значително постудено, а на места ќе провејува снег и ќе дува силен северен ветер.

Во следните денови ќе се задржи стабилно, студено и ветровито време со минимални температури и под -10 степени, а на места и дневните ќе бидат под нула.

Временска прогноза за викендот:

сабота

Претежно облачно, ветровито и постудено со мешани врнежи, дожд и снег. Повеќе врнежи се очекуваат во источна Македонија од 10 до 30 мм за 24 часа. Ветерот е умерен и засилен, на север и исток и во планинските предели повремено невреме, северозападен. Утринската температура од 2 до 6, дневната од 3 до 7 степени.

недела

Умерено до делумно облачно, претежно суво со делумно разведрување, само на југ и југоисток со поголема облачност, на места се очекува слаб снег. Ветер слаб и умерен, на исток претпладне и пред пладне повремено засилен северозападен, во текот на денот слаб. Најниската температура од -7 до -2 степени, највисоката од 0 до 2 степени.

понеделник

Ладен ден се очекува во поголем дел од земјава. Во текот на денот умерено облачно. Слаб и умерен ветер, повремено засилен на источен, северозападен. Најниската температура од -8 до -4 степени, највисоката од -2 до 1 степен.