




Камионџијата вели дека постои задгробен живот и дека луѓето треба да веруваат во него




Брајан Милер, возач на камион од Охајо, доживеа клиничка смрт поради срцев удар што го доби додека отвараше приколка од камион.




Кога стигнал на една дестинација почувствувал дека нешто не е во ред со него, повикал брза помош и им рекол дека мисли дека има срцев удар. Кога пристигнал во болница, му станало уште полошо. Во еден момент изгубил свест, но најпрвин успеале да го оживеат и да ја тргнат блокадата. Сепак, и покрај сите напори, срцевите комори не успеаја.




„Немаше отчукување на срцето, немаше крвен притисок и немаше пулс“, изјави медицинската сестра Емили Бишоп. И покрај обидите на лекарот да го оживее, тој не успеал. Како што раскажува Брајан, додека лекарите се обидувале на секој начин да го вратат, тој бил во небесниот свет и опишал како тоа изгледало:




– Единствено што се сеќавам е да ја видам светлината и да се движам кон таа светлина. Патот беше обложен со цвеќиња и тргнав кон белата светлина, додека не наидов на мојата маќеа, која неодамна почина. Беше најубавото нешто кога ја видов, како првиот ден да ја запознав, изгледаше толку среќно – вели Брајан и додава дека се сеќава дека го фатила за рака и рекла дека неговото време уште не дошло:




„Не е ваше време, не мора да бидете тука, мораме да те вратиме, имаш повеќе да направиш“, се сеќава тој.




– Неговиот мозок не примал кислород 45 минути, тоа што оди, зборува, се смее, се е неверојатно – рекла зачудената медицинска сестра.
