Докторот објасни и дали зеленчукот од оранжериите, какви што ни се достапни во зимските месеци, може да ги заменат „вистинските“ што растеле со сончева светлина и топлина.

За витамините кои ни се потребни во месец март зборуваше гастроентерологот Воислав Перишиќ

Докторот објасни и дали зеленчукот од оранжериите, какви што ни се достапни во зимските месеци, може да ги заменат „вистинските“ што растеле со сончева светлина и топлина.

Нема разлика меѓу зеленчукот, ако подлогата на која се одгледувал е добро составена, и дали имал соодветна температура. Ако растението има што да „влече“ од земја, мислам на вистински хранливи материи, нема разлика – рече тој.

Гастроентерологот даде совети и за исхрана во раните пролетни месеци, кога е неопходно да се зајакне имунитетот и да се внесува вистинската количина на антиоксидантни материи. Тоа се млад кромид, зелена салата, ротквици…

„Раната пролет бара многу антиоксиданси, бидејќи сè што конзумиравме во текот на зимата е прооксидативно. Прво, да почнеме со млади зеленчуци, тие имаат многу вода во себе и буквално го мијат нашето тело од штетни материи. неопходно е да се јаде свежа храна богата со антиоксиданси“, рече тој.

Клучот е триото витамини А, Ц и Е, а докторот препорача една храна која треба да ја јадете три пати неделно и не мора да се грижите за имунитетот!

– Кој има жолта боранија, нека јаде три пати неделно како салата и го има целиот сет на витамини А, Ц и Е за цела недела. Рецептот е едноставен – сварете го и изладете го, па измешајте го со сечкан лук, без него не се зборува за здрава исхрана и имунитет. Додадете копар, и тоа е најздравата салата во овој временски период – изјави д-р Перишиќ.