





Во случај на тешко и нерамномерно дишење, задолжително консултирајте се со лекар




Парацетамолот е еден од најдостапните и најпопуларните лекови против болки кој помага при главоболки, болки во мускулите, а исто така ја намалува и треската. Сепак, лекот не треба да се користи во случај на некои реакции на организмот, пишува „Дејли експрес“.
Доколку кожата пожолте по употреба на парацетамол, неопходно е да се консултирате со лекар, бидејќи тоа е сигнал дека има проблеми со црниот дроб кои би можеле да ја влошат употребата на парацетамол.




Друг проблем може да бидат алергиите.
„ Во случај на тешко и нерамномерно дишење, задолжително консултирајте се со лекар. „Алергиска реакција на парацетамол може да се појави во форма на осип, проследена со чешање, црвенило, отечени делови на кожата, плускавци и ронлив кожа“, се вели во статијата.




Претходно рускиот лекар Александар Мјасников изјави дека употребата на повеќе од 15 таблети месечно може да доведе до болка, која се манифестира секогаш кога човек користи лек од истата група.
