Сашо бил во бегство, а Мијалков бил во Македонија и имал температура. Потоа Мијалков му јави на Сашо дека му паднала температурата и Сашо Мијалков се појави во обвинителството.




И потоа почнува сезоната на лаги и сезоната кој може да се спаси и кој може да ќари колку може повеќе. Во таа сезона, не се бираат средства, на граѓаните да им се пласираат тези кои може да се глупи или лажни, но во основа се фелерични и со вградена фабричка маана.
Ние ќе анализираме само неколку од тие тези.
Мијалков избегал бидејќи се договорил со Заев. Зошто Заев би се договарал да избега Мијалков, бидејќи со бегството на Мијалков ќе му паднеше владата и можеше да биде раскантан на следните избори.




Мијалков се вратил бидејќи се договорил со Заев. Зошто би се договарал со Заев бидејќи ако останеше во бегство, во Белград или каде ли не во странство, како што пишуваат, ќе паднеше Заев и ќе дојдеше на власт неговиот пулен Христијан Мицкоски кого го инсталираше за лидер на ВМРО ДПМНЕ на Конгресот во Валандово.
Американците го вратиле Мијалков ама му рекле на Заев дека е готов. Зошто да го враќаат Мијалков ако Заев треба да е готов. Ќе го оставеа Заев да е готов и тогаш ќе го вратеа Мијалков.




Да беше Павле Трајанов министер на полицијата тој немаше да дозволи да избега Мијалков ( ова е изјава на Трајанов ). Кога Трајанов беше министер му ја запалија американската амбасада во Скопје.
Мијалков бил цело време во Македонија. Што тогаш распишавте меѓународна потерница ако е цело време во Македонија!?




Анализа за тоа што се случуваше со бегството на Мијалков ќе можете да гледате во утрешната емисија Во Центар која се емитува на youtube каналот Vasko Eftov, во четврток во 22 часот.
